„Надал ќе игра уште две години, можно е и враќање во националниот тим“

Селекторот на Дејвис Куп репрезентацијата на Шпанија, Давид Ферер, даде навистина охрабрувачка изјава за сите фанови на славниот Рафаел Надал

Популарниот Рафа се подтотвува за враќање на терените, а селекторот смета дека тенисерот има уште многу да покаже во елитната конкуренција и не ја исклучи можноста Надал да заигра и за Шпанија. 

„Видовме во Бризбејн дека Рафа беше на прилично високо ниво. Тој е секогаш меѓу најголемите и тоа не може да се промени, без оглед на повредите. Физичката концидија е нешто сосема друго, но талентот и маестралноста во играта не се губат никогаш. 

Најпрво ќе настапи на егзибицискиот меч со Алкараз, а потоа и на силниот турнир во Индијан Велс. Се надевам дека ќе го видиме и на Ролан Гарос, па зошто да не и во нашиот национален тим. Многу нешта ќе зависат од неговото здравје, но јас мислам дека ако целосно закрепне, Рафа ќе игра уште најмалку две години“ заврши Ферер. 

Рафаел Надал е освојувач на 22 Грен-Слем трофеи во кариерата и се вбројува меѓу најдобрите тенисери на сите времиња. Шпанецот е апсолутен рекордер на Ролан Гарос и го освојуваше францускиот Грен-Слем дури 14 пати.