Надал ќе брка 9. титула во Монте Карло откако во полуфиналето го победи Мареј

Рафаел Надал

Во 23. дуел помеѓу Рафаел Надал и Енди Мареј поуспешен беше шпанскиот тенисер со 2-1 во сетови (2-6, 6-4, 6-2) и се пласира во финалето на Мастерсот во Монте Карло.

Почетокот му припадна на Британецот, кој полесно од очекувањата го доби првиот сет со 6-2. Рафа не би бил она што е, ако не се бори до крај, па така вториот сет го доби во своја полза со 6-4. Во одлучувачкиот сет, Надал го продолжи својот налет и направи конечен пресврт, добивајќи го сетот со 6-2.

Сега, Надал води со 17-6 во меѓусебните дуели против Мареј, а во утрешното финале ќе го чека победникот од дуелот Цонга - Монфилс, кој се игра во терминот од 16.00 часот. Мечот за титулата за Надал ќе биде 100. финален меч во кариерата, а можност за 9. трофеј во Монте Карло.