ВИДЕО: Надал како „брз воз“ мина крај Ѓоковиќ за финале во Мадрид!

Рафаел Надал, најдобриот шпански тенисер во историјата, уште еднаш покажа зошто го има приматот „КРАЛ“ на земјената подлога. Популарниот Рафа, за нешто повеќе од час и половина со убедливи 2-0 и само 6 загубени гема го „збриша“ некогашниот прв рекет на светот, Новак Ѓоковиќ и обезбеди финале на Мастерсот во Мадрид. Шпанецот, едноставно „танцуваше“ на теренот, неговата „лепеза“ на удари беше нерешителна енигма за Ноле, а повторно како и на целиот турнир неизнудените грешки му беа сведени на минимум. 

Дека Надал овој меч го започна екстра-мотивиран говори фактот што во негова полза завршија првите четири гема. Шпанецот направи експресни два брејка, поведе со 4-0 и до крајот на првиот сет со два сигурни гема на свој сервис дојде до предност со 1-0. 

Во вториот сет, Надал повторно тргна со брејк, но Ноле возврати за 2-2. Сепак, Шпанецот со рибрејк си го врати водството кое го чуваше до крајот на сетот, поточно до 10 гем кога со 6-4 славеше заслужена победа над големиот ривал. 

Во финалето Шпанецот ќе се соочи со победникот од вториот полуфинален меч меѓу Тиам и Куевас, кој е закажан за 21.30 часот.