Надал: Јас, фаворит на Ролан Гарос? Не ме интересира тоа...

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал влегува како фаворит на сите турнири на земјена подлога, но овој пат тој ја смирува топката и вели дека не сака да се чувствува така пред стартот на Ролан Гарос.

Единаесеткратниот првак во Париз игра во одлична форма на земја, а успеа да дојде до титула пред овој турнир, со триумф над Новак Ѓоковиќ во финалето во Рим.

„Не ме интересира дали сум фаворит на Ролан Гарос. Единствено нешто за кое се грижам е да се чувствувам добро и да играм на ниво. Медиумите ме гледаат на таков начин, но тука се Ѓоковиќ, Тием, Федерер, Дел Потро, Нишикори, Циципас... кои играат одлично. Единствен фаворит е тој што ќе го земе пехарот дома за две седмици“, изјави Надал.

Грен Слемот на земјена подлога стартува на 26 мај и ќе се игра до 9 јуни.