ВИДЕО: Надал ги победи болката и Качанов и закажа полуфинале со Федерер

Светскиот рекет број два, Рафаел Надал се соочи со првите проблеми на Мастерсот во Индијан Велс, но се квалификува во полуфиналето, каде ривал ќе му биде ветеранот Роџер Федерер. Шпанецот го совлада Русинот Карен Качанов со 2-0 во сетови (7-6/2, 7-6/2) во последното четвртфинале во калифорниската пустина.

  • Извештај на денот: 

Во дуел кој траеше два часа и 16 минути, Надал се соочи со болка во ногата, бараше и медицински тајм-аут, но стегна заби иг о доигра мечот до финална победа и пласман во полуфиналето.

  • Поен на мечот: 

  • Поен на мечот: 

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Доминик Тием и Милош Раониќ.