Надал ја користи формулата на Федерер за да ја продолжи кариерата

Надал Федерер

Вечерва Рафаел Надал ќе има можност да заокружи една од најуспешните години во својата кариера. Шпанецот оствари најголеми успеси во 2010 година, кога освои три Грен слем титули и беше дел од четвртфиналната фаза во Њујорк.

Сега има можност да стигне до вториот сезонски Грен слем, а уште поважно, 19-ти во кариерата. Еден повеќе на вечната листа ќе има само Роџер Федерер.

Оваа сезона, 33-годишникот од Мајорка се пласира најмалку во полуфиналето на десет од вкупно 11 одиграни турнири. Застана во осминафиналето само во Акапулко, каде наиде на Ник Кирјиос.

Се чини дека формулата на Федерер, кој веќе неколку сезони максимално го намалува распоредот на турнири на кои настапува, му користи и на шпанскиот тенисер. Тој се обидува да го искористи истиот рецепт како и неговиот лут ривал за да ја продолжи тениската кариера.

Порано, Надал играше и по 18 турнири во една календарска година, а сега максимално се очекува да се појави на пет помалку. 

Се очекува тој да ја пропушти азиската турнеја, со цел да се фокусира на завршниот Мастерс во Лондон, што е единствениот голем трофеј кој му недостасува во богатата колекција.