Надал ја истури нервозата врз Дамир Џумхур

Рафаел Надал им се врати на победите на земјена подлога, откако на првиот меч на мастерс-турнирот во Рим убедливо славеше над босанскиот тенисер Дамир Џумхур.

Шпанецот беше нервозен поради поразот во Мадрид од Доминик Тием, па целата нервоза ја истури врз Босанецот. Надал славеше со убедливи 2-0 во сетови, а на противникот му дозволи да земе само еден гем (6-1, 6-0).

Во осминафиналето на мастерсот во Рим, Надал ќе го чека подобриот од средбата меѓу Робин Хасе и Денис Шаповалов.