• Горан Упале
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му честиташе на Новак Ѓоковиќ за олимпиското злато во Париз и експресно доби одговор од српскиот ас. Во финалето Ноле го победи Карлос Алкараз по два тај-брејка.
Со овој успех, Ѓоковиќ го комплетираше таканаречениот „Златен слем“ – го освоил секој Грен слем барем по еднаш, како и олимписко злато.. Покрај Новак, тоа успеаја само уште четворица - Рафа Надал, Серена Вилијамс, Андре Агаси и Штефи Граф.
„Честитки Новак за комплетирањето на „Златниот слем“ и успеа да го постигнеш тоа што го сакаше. Сè најдобро“, напиша Надал.
Ѓоковиќ му одговори на Рафа, поточно ја „реобјави“ објавата на Надал на Инстаграм, без никаков коментар.