Надал има здравствени проблеми и нема да игра во Монтреал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги разочара фановите и соопшти дека нема да игра на претстојниот мастерс-турнир во Монтреал.

Причините се здравствени проблеми кои ги има Шпанецот. Надал соопшти дека по враќањето од одмор и тренинзите, се почувствувал повторно лошо поради повредата која ја имаше уште од времето на Вимблдон, па не сака да ризикува.

Турнирот во Монтреал се игра од 7 до 14 август, а на него нема да игра и Новак Ѓоковиќ поради ковид-протоколите и фактот дека не е вакциниран.