Надал и Медведев не се задржаа многу на терените во второто коло на АО

Надал

Реафаел Надал рутински го одигра и вториот меч на Австралија опен. Шампионот од 2009 година во три сета го елиминира Мајкл Мво од Соединетите Американски Држави (6-1, 6-4, 3-2).

Почетокот беше најава за она што ќе следува, па американскиот тенисер загуби секаква надеж по загубениот прв сет. Во вториот се надигруваше, но остана пократок во завршницата. Ништо не се промени на крајот, кога фаворитот не дозволи изненадување и максимално си го скрати престојот на теренот во Мелбурн.

Во вечерниот термин играше уште еден од високите носители на турнирот. Русинот Данил Медведев немаше проблеми против шпанскиот ас Роберто Карбаљес Баена (6-2, 7-5, 6-1).

Разиграниот Алекс де Минаур потврди дека ќа атакува на висок пласман на овогодишното издание на Грен слем турнирот во Австралија. Домашниот тенисер во второто коло го среди Пабло Куевас од Уругвај (6-3, 6-3, 7-5).