Надал и Ѓоковиќ сложни: Сега не е време за тенис, не сакаме наскоро на терен

Панидемијата со коронавирусот удри и по тенисот, кој веќе повеќе од еден месец е во мирување. Тенисерите се во карантин и ги чекаат одлуките на раководните тела, а двајцата најдобри во овој момент, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се сложни во една работа. 

Тие сметаат дека сега не е време да се мисли на тенис и веруваат дека паузата ќе потрае повеќе од предвиденото. 

„Спремен сум да играм, но мислам дека оваа пауза ќе потрае подолго. Играњето пред празни трибини не е нешто што зависи од нас, тенисерите. Здравјето мора да биде на прво место во овој период“, изјави Ѓоковиќ кој моментално е гостин кај својот брат во Марбеља.

Поради моменталната ситуација Вимблдон е откажан, Ролан Гарос е одложен за септември, а се чека на судбината на единствениот Грен слем на американско тло, УС Опен.

„Луѓето минуваат преку многу тежок период, така што не можам да размислувам за мојата кариера. Не се надевам дека набрзо ќе се вратиме на терените. Многу луѓе се поврзани со организација на турнирите и не верувам дека ќе се преземе таков ризик“, вели Надал. 

Тениските великани во периодот кој е зад нас уште еднаш ја покажаа својата големина и во своите држави донираа милиони за справување со борбата со коронавирусот.