Надал и Федерер во борба за второто место и полесна ждрепка на УС Опен

Надал Федерер

Новак Ѓоковиќ сигурно ќе биде прв носител на претстојниот Грен слем турнир во Њујорк, УС Опен. Србинот има огромна предност пред големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер и ќе биде фаворит број еден за титулата.

Во наредните две недели голема борба ќе се води меѓу Надал и Федерер. И двајцата бранат бодови на турнирите во Монтреал и Синсинати. Шпанецот мора да го одбрани трофејот во Канада, а швајцарскиот ас посакува да го повтори финалето од минатата сезона.

Втората позиција ќе донесе полесна ждрепка на последниот сезонски Грен слем и избегнување на Ѓоковиќ во полуфиналето.

Исто така, продолжува и битката за првата позиција на АТП листата оваа сезона. Ѓоковиќ моментално има 500 бода предност пред Надал и 1.700 пред Федерер.

УС Опен е на програмата од 26 август до 8 септември.