„Надал и Федерер се мојата најголема мотивација и инспирација...“

Ѓоковиќ Федерер Надал

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ откри која е мотивацијата што го тера да го дава максимумот и во подоцнежниот дел од тениската кариера.

32-годишникот се смета за ветеран во белиот спорт, а од каде црпи инспирација за својата форма тој вели:

„Надал и Федерер се веројатно најголемата причина зошто сè уште се натпреварувам на ова ниво. Фактот дека тие се запишаа во историјата и понатаму ме инспирира и мотивира да го правам истото што го прават, дури и повеќе“. 

Ѓоковиќ наредната недела ќе го започне учеството на завршниот турнир во Лондон со меч против Италијанецот Матео Беретини.