Надал и Федерер му го честитаа трофејот од Мелбурн на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на Австралија Опен, откако на доминантен начин „се прошета“ низ турнирот. Српскиот тенисер го освои својот 22. голем трофеј и се израмни со Рафаел Надал на „вечната листа“. 

Токму Шпанецот и Роџер Федерер важат за најголеми конкуренти на Ѓоковиќ, меѓутоа тројцата редовно си ги честитаат успесите еден на друг. Така беше и овојпат, па Надал и Федерер преку социјалните мрежи му честитаа на српскиот ривал.

„Неверојатен напор, повторно! Многу честитки до тебе“, напиша Федерер. 

„Неверојатно достигнување! Честитки до тебе и твојот тим. Сосема заслужено, Ноле, уживај“, напиша Надал.

Ѓоковиќ чекори кон историја, кон местото на пиедесталот и рекорд по бројот на Грен слем титули. Засега тој делува поблизу до рекордот, бидејќи Надал се мачи со повреди, а Федерер веќе ја заврши кариерата.