• Зоран Мишевски

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со победа стартуваше на Мастерсот во Индијан Велс, откако во првото коло го елиминира колумбискиот тенисер Густаво Пела со 2-0 во сетови (6-3, 6-2).
Надал одигра одличен меч и потврди дека е во одлична форма оваа година. Тој направи два брејка во првиот и еден во вториот сет и ја прескокна првата пречка.
Во првото коло победа забележа и Кеи Нишикори, кој славеше на Еванс со 2-0 во сетови (6-3, 6-4), а младиот Александар Зверев славеше против Бањис од Аргентина со 7-6/10, 6-3.
Во следниот круг е и Станислав Вавринка со победата од 2-0 во сетови против Италијанецот Лоренци со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).