Надал го „збриша“ Басилашвили и закажа четвртфинален дуел со Вердаско

Надал

По убедливата победа над Жереми Шарди, Шпанецот Рафаел Надал со идентичен резултат го совлада и Николоз Басилашвили од Грузија (6-1, 6-0) на патот до четвртфиналето во Рим.

Големиот фаворит за трофејот по брза постапка го доби и вториот денешен дуел, на кој повторно загуби само еден гем. Тоа го дозволи во првиот сет, а во вториот со „метла“ му пресуди на нерамноправниот противник.

За Рафа следува шпанскиот дуел со Фернандо Вердаско кој покажа одлична форма на мечот со Доминик Тием.

Триумф запиша и Хуан Мартин Дел Потро против Каспер Руд со сигурни 2-0 во сетови.