ВИДЕО: Надал го среди Вавринка и обезбеди четвртфинале во Торонто

Шпанецот Рафаел Надал обезбеди место меѓу осумте најдобри на Роџерс Купот, откако по голема битка со 2-0 (7-5, 7-6/4) го совлада Стан Вавринка.

Надал првиот сет го доби по получасовната пауза поради дожд, кога шпанскиот тенисер веднаш го одзеде сервисот на Вавринка и го доби сетот со 7-5. Извонредниот втор сет беше решен во тај-брејк, во кој Надал беше поприсебен и обезбеди четвртфинален дуел против Хрватот Марин Чилиќ.

Во четвртфиналето се пласира и Робин Хасе, кој со 2-0 (7-5, 6-2) го совлада Денис Шаповалов, а место во следната рунда има и за Карен Качанов, по победата од 2-0 против Џон Иснер.