ВИДЕО: Надал го разнесе Медведев и го освои својот петти „Роџерс Куп“

Првиот носител и светски рекет број два, Рафаел Надал, е освојувач на „Роџерс Купот“ во Монтреал. Шпанскиот тенисер ја освои 35-та титула од Мастерс серијата, а петта во Канада, откако полесно од предвиденото го совлада Данил Медведев од Русија.

Во финале кое траеше само 71 минута, Надал го совлада младиот Русин со 6-3, 6-0, покажувајќи дека физички е беспрекорно спремен и релативно одморен по неиграњето во полуфиналето заради откажувањето на Монфилс. 

Медведев дебитираше во финалните мечеви на Мастерс-турнирите, но покажа дека не е уште на ниво на најдобрите светски тенисери, иако често знаел и да ги победува.

  • Најинтереските моменти од финалниот меч: 

Утре во Синсинати почнува последниот Мастерс турнир пред УС Опен.