Надал го преслуша Гаске и обезбеди трето коло во Париз

Фаворитите во горниот дел на костурот продолжуваат по планот и со победи во првите две кола најавија влез во втората недела на Ролан Гарос. Бранителот на титулата Рафаел Надал обезбеди место во третото коло на Отвореното првенство на Франција во Париз, откако славеше против ветеранот Ришар Гаске со 6-0, 7-5, 6-2.

Надал никогаш не загубил во меѓусебните дуели со Гаске, па и во третото соочување на земјата во Париз стигна до триумф без загубен сет. Гаске беше рамноправен само во вториот сет, но го загуби својот сервис со 12-то гем и мечот замина на страната на Шпанецот.

Оваа победа е најдобар можен подарок за 35-от роденден на „бикот од Мајорка“.

Противник на Надал во третото коло ќе биде Камерон Нори, уште едно од изненадувањето на турнирот.