Надал го прескокна Ѓоковиќ и застана на врвот на АТП листата

Надал АТП

Светскиот тенис од денес има нов владетел. На врвот на АТП листата се искачи Рафаел Надал и по подолго време го симна неговиот лут ривал Новак Ѓоковиќ.

Новитети во ТОП 10 се скокот од едно место на Стефанос Циципас, кој сега е на шестата позиција, падот на Александар Зверев и влезот меѓу најдобрите на Гаел Монфилс.

Конечната разврска околу врвот на АТП листата ќе се одвива на завршниот турнир во Лондон, кој е на програмата наредната недела.

Нема никакви промени меѓу тенисерките каде конкуренцијата ја предводи Ешли Барти, победничката на завршниот турнир во Шенжен. Лошиот период на Серена Вилијамс ѝ донесе само десетто место на листата овој понеделник.