Надал го повреди грбот и нема да игра во првото коло во АТП Купот

Надал Рафаел

Вториот рекет на светот, Рафаел Надал, сепак ќе почека на своето овосезонско деби, откако и официјално потврди дека нема да ѝ се стави на располагање на својата селекција за првиот дуел против Австрaлија во рамките од АТП Купот.

Причината за ваквата одлука на шпанскиот ас е повредата на грбот, поради која мора да мирува. 

„Јас и мојот тим заеднички решивме да не настапам на отворањето на АТП Купот и дуелот со Австралија. Имам повреда на грбот и морам да мирувам. Се надевам дека проблемите ќе бидат решени за краток период и уште в четврток ќе можам да играм“, објави Надал. 

Замената на Надал за дуелот со Австралија ќе биде искусниот Роберто Баутиста Агут.