• Сашо Поповски

Една недела по достигнувањето на 1.000 победи во кариерата, Рафаел Надал запиша уште еден рекорден податок зад своето име.
20-кратниот Грен слем шампион го надмина големиот Џими Конорс по бројот на последователни недели минати во Топ 10 на АТП листата. Шпанецот е дел од најдобрите десет тенисери на светот цели 790 седмици во низа, и сега има една повеќе од американската легенда.
Првпат се појави меѓу најдобрите десет во април 2005 година и таму и до денес. Дури 81% од времето го мина на првата или втората позиција на светската ранг листа.
Оваа бројка не ги вклучува и неделите, вкупно 22, кои не се бројат поради периодот минат во пандемија со коронавирус.