Надал го надмина Федерер според заработката, достигнување и за Чилиќ

По комплетирањето на Ролан Гарос, организаторите и АТП ги поделија и заработените премии на тенисерите. 

Рафаел Надал како освојувач заработи 2,2 милиони евра, а со тоа ја надмина бројката од 130 милиони во целокупната кариера. Така, Шпанецот на „вечната листа“ го надмина Роџер Федерер и сега е втор, а пред него е само Новак Ѓоковиќ со 156.

Овој турнир ќе го памети и хрватскиот ас, Марин Чилиќ. Искусниот тенисер првпат заигра во полуфиналето во Париз и влезе во одбрано друштво на играчи. Покрај тоа, Хрватот дојде до цифрата од 30,4 милиони и влезе во „топ десет“ играчи по заработените средства.