Надал го надигра Пела, Тием го елиминира променливиот Чилиќ

Главниот фаворит за освојување на „Роџерс Купот“, Рафаел Надал ја прескокна и втората пречка во Монтреал, победувајќи го Гуидо Пела од Аргентина без загубен сет (6-3, 6-4).

Шпанецот само еднаш го загуби сопствениот сервис, но целосно го имаше натпреварот под контрола и за 90 минути го елиминира Аргентинецот. Противник во следната рунда на Рафа ќе му биде Италијанецог Фоњини, кој во два сета го надигра Манарино од Франција. 

Пласман во четвртфиналето обезбедија и Зверев со тешката победа во три сета против Басилашвили, Медведев со победата во два сета над Гарин и Доминик Тием со победата над Марин Чилиќ со 7-6/7, 6-3.

Русинот Карен Качанов го заврши сонот на младиот Канаѓанец Ожер-Аласием, победувајќи го со 6-7/7, 7-5, 6-3.