Надал го дозна првиот противник на Ролан Гарос

Надал противник

Германецот Јаник Ханфман ќе биде првиот противник на бранителот на титулата на Ролан Гарос, Рафаел Надал.

Тој има 27 години и моментално стои на 184. позиција на АТП листата. Неговите шанси за пласман во второто коло се сведени на минимум.

Тоа ќе биде негов втор меч на Грен слем турнирите. Првиот на УС Опен 2018 го загуби од својот сонародник Филип Колшрајбер.

Вториот ривал на Шпанецот исто така ќе биде квалификант. Истиот ќе биде познат по дуелот меѓу Јаник Маден и Кимер Копејанс.

Ваквиот старт би можел да му користи на 11-кратниот шампион кој без проблеми ќе стигне до третото коло во Париз.