Надал го доби Шварцман и веќе го чека Ноле во полуфиналето на РГ!

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал победи во четвртфиналето на Ролан Гарос во пресметката со Диего Шварцман со 3-1. Најуспешниот играч на турнирот одново ги исполни очекувањата, го победи Аргентинецот и веќе го чека Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Секако, Србинот прво ќе треба да го мине Матео Беретини вечерва. 

Околу денешниот меч, двајцате тенисери тргнаа сигурно, а Надал со два „брејка“ наспроти единствениот на Шварцман поведе со 1-0 со 6-3. Во вториот, аргентинскиот тенисер се врати во игра, успеа да одземе два гемови на противнички сервис и со 6-4 израмни. 

Одново се играше изедначено, Шварцман парираше, но Надал искусно во деветтиот гем направи разлика и пак поведе (6-4). Завршниот сет беше рутина за „бикот од Мајорка“, кој убедливо и безгрешно со 6-0 се пласираше во полуфиналето. 

Вчера својата работа ја завршија Зверев и Циципас кои ќе играат меѓусебе во полуфиналето.