Надал: Ѓоковиќ ме „разби“ во Австралија, а сега дојде мојот ред да вратам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се запиша во историјата откако го израмни рекордот по бројот на Грен слем титули (20) со Федерер. Тој во финалето на Ролан Гарос лесно се справи со Новак Ѓоковиќ и со 3-0 се радуваше на трофеј. По мечот Шпанецот ги изнесе своите впечатоци од пресметката со првиот светски рекет. 

„Честитки до Новак на одличниот турнир. Тој ме разби во Австралија, а сега дојде мој ред. Тоа е дел од играта. Еден ден победува едниот, втор другиот. Тешка година е зад нас, а победа овде ми значи сè. Не е момент да размислувам за 20 Грен слем трофеј и изедначувањето на рекордот. Мене Ролан Гарос ми е многу важен, овој турнир ми значи сè во кариерата“, заклучи Надал.

„Бикот од Мајорка“ го изненади Новак Ѓоковиќ и со неверојатни два сета кои ги доби со 6-0 и 6-2 си направи предност, за во третиот да победи со 7-5.