Надал - Ѓоковиќ ќе играат на „Сантијаго Бернабеу“ пред 81.000 луѓе?

Фудбалскиот стадион на Реал Мадрид треба да биде поприште на голем тениски спектакл. Во моментов се реновира стадионот „Сантијаго Бернабеу“, во проектот вреден повеќе од половина милијарда евра, по што ќе се прошири на 81.000 места и ќе има модерен покрив.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака Рафаел Надал, инаку голем фан на клубот од Мадрид, да организира натпревар против Роџер Федерер или Новак Ѓоковиќ на отворањето на реновинарниот стадион..

Доколку мечот се игра пред гледачи, сигурно ќе го сруши рекордот според бројот на фанови, бидејќи сегашниот рекорд го држат Надал и Федерер кога играа во Јужна Африка пред 50.000 луѓе.

Сега, на повидок е нов спектакл на најмодерниот стадион во светот, бидејќи тој ќе биде мултифункционален, благодарение на иновациите. Планот е Федерер да биде „првиот пик“ на мечот со Надал, но тој често е повреден и веќе е во поодминати години од неговата кариера, сосема е реално да биде закажан дуел со Ѓоковиќ.