Надал ги пропушта и ЛОИ: Правилата се такви, веројатно нема да игра во Париз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави дека ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда, поради што најверојатно нема да може да игра на Олимписките игри следната сезона.

Освојувачот на 22 Грен слем титули моментално се наоѓа на 14. позиција на АТП листата, но бидејќи до декември ќе ги пропушти сите турнири, постојат шанси да испадне од Топ 100, а тоа повлекува одредени последици. Односно, според правилата, право на учество на Олимписките игри имаат само оние тенисери кои се меѓу 56-те најдобри, а дополнително секоја земја на листата на најдобри светски спортисти може да испрати најмногу четири претставници.

Имајќи предвид дека во моментот Карлос Алкараз, Пабло Карено Буста, Роберто Баутиста Агут, Алехандро Давидович Фокина и Бернабе Запата Миралес се меѓу најдобрите 40 играчи во светот, јасно е дека освојувачот на златниот олимписки медал од Пекинг во 2008 година има мали шанси да игра во Париз.

Надал изјави дека следната година ќе биде последна во неговата професионална кариера и дека би сакал да ја освои 15. титула на Ролан Гарос, како и некои други важни турнири пред да се пензионира, а меѓу нив требаше да биде и олимпискиот, но за такво нешто е неопходно тој да има многу добар почеток на сезоната и сите други шпански тенисери да имаат лоши резултати