Надал фуриозно до осминафинале на Индијан Велс

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одигра одличен натпревар и се пласира во наредната рунда на Мастерс-турнирот Индијан Велс.

За еден час и 17 минути, Рафа славеше над Аргентинецот Диего Шварцман, со 2-0 во сетови (6-3, 6-1). Аргентинецот во првиот сет даде отпор, но во осмиот гем Надал направи брејк и дојде до водство од 1-0, додека во вториот, Шпанецот беше далеку подобар.

Надал во наредната рунда ќе игра со српскиот тенисер Филип Крајиновиќ.

Вечерва и за време на ноќта уште неколку носители ќе ги одиграат своите мечеви од третото коло на Мастерсот во Индијан Велс.