Надал, Федерер и Мареј го откажаа учеството на Мастерсот во Торонто

Енди Мареј, Рафаел Надал и Роџер Федерер објавија дека нема да настапат на Мастерсот во Торонто кој е прв од втората половина на сезоната. Тројцата тенисери како причина за откажувањата го наведоа густиот календар, уморот и приоритетот од настап на Олимпијадата во Рио де Жанеиро. 

„Турнирот во Торонто е еден од моите омилени турнири и разочаран што нема да можам да играм, но сметам дека најдобро за мене ќе биде ако го продолжам одморот по напорниот настап на Вимблдон“, напиша Федерер на својот Фејсбук профил.

Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе игра во Канада и останува главен фаворит за освојување на титулата, која ќе ја брани од минатата година.