Надал експресно го мина Корда и стана прв четвртфиналист на Ролан Гарос

Рафаел Надал лесно се справи со 213-от тенисер на АТП ранкингот, Себастијан Корда и со 3-0 се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос. 

Шпанскиот тенисер е втор носител на турнирот и очекуван беше неговиот лесен пат кон финалето, но досега докажа зошто е „специјалец“ за земја. На младиот Американец денес му дозволи да одземе само четири гема и тоа по еден во првите два сета, и два во последниот (6-1, 6-1, 6-2). 

Во фазата на осум најдобри тенисери на Ролан Гарос, Надал го очекува пресметка со подобриот од дуелот меѓу Зверев и Синер.