Надал едвај го „скрши“ Лопез во Париз и ја запиша 1000-та победа во кариерата!

Рафаел Надал потешко од очекуваното се избори за трето коло на Мастерсот во Париз, откако вечерва по голема борба славеше победа над својот сонародник Фелисијано Лопез со 2-1 во сетови. 

Вториот рекет на АТП листата важеше за голем фаворит на овој дуел, но дури по два и пол часа успеа да го скрши отпорот на шпанскиот ветеран. Лопез важи за еден од ретките шпански тенисери кој преферира тврда подлога, пред земјена, а тоа го докажа во првиот сет против големиот фаворит и со 6-4 поведе со 1-0.

Но, Рафа иако пред себе имаше расположен противник знаеше како да се врати во игра и по тај-брејкот израмни на 1-1 (7-5), додека во одлучувачкиот сет покажа квалитет и со 6-4 славеше заслужена победа на овој дуел.

Вечерашниот успех во Париз е од посебно значење за Надал, затоа што ја запиша 1000-та победа во својата грандиозна кариера во која освои дури 20 Грен слем титули.