„Надал е сè поблизу до сценариото на Федерер“

Поранешнито светски рекет број еден, Енди Родик, зборуваше за ситуацијата на Рафаел Надал. Повредите на шпанскиот тенисер го кројат патот на крајот на неговата кариера. Иако Шпанецот се надеваше да одигра уште една сезона во која ќе биде конкурентен, тоа не оди според планот. 

„Роџер Федерер се повлече на Лејвер купот. Иако тоа не го кажа гласно, верувам дека сакаше да се повлече на Вимблдон или УС Опен. Сакаше да игра таму, да каже збогум, но тоа сè случи во три дена. Се ближиме на тоа да стане реалност и за Рафаел Надал.

Јас се надевам дека ќе оздраве, не му е потребно да биде здрав 52 седмици, туку два месеци. Земи инекции за болки, дај максимум и направи го тоа уште еднаш. Секогаш сум верувам дека има некоја верзија со простување на Ролан Гарос, можеби не со титула, но со некоја тешка победа... Зборуваме за здравјето. Ако Рафа е здрав и мине два турнири, ќе биде меѓу петте најголеми фаворити во Париз“, изјави Родик. 

На почетокот на годината Надал сакаше да биде конкурентен, тргна во Бризбејн, ама потоа се повреди и го скокна Австралија Опен и сите следни турнири досега.