Надал е голем фан на „Наркос“ и „Кум“, омилен филм на Федерер му е „Добриот Вили Хантинг“

Филмовите и сериите се најдобрите начини како да се помине времето во карантин, а во тоа не се разликуваат ниту големите тениски ѕвезди Роџер Федерер и Рафел Надал. 

Неодамна, шпанскиот ас откри дека е голем фан на шпанската серија „Знам кој си ти“,  како и   на „Игра на Тронови“, „Наркос“ а сака да гледа и документарци кои се поврзани со животот на Пабло Ескобар. Во потесниот избор за омилени филмови ги смести „Кум“ и „Гладијатор“.

Федерер пак, за најдобар филм го издвои „Добриот Вили Хантинг“ со Робин Вилијамс, Бен Афлек и Мет Дејмон, а своевремено беше голем обожавател на „Изгубени“ и „ Бегство од затворот“. 

Инаку, двајцата тенисери заедно со Новак Ѓоковиќ покренаа иницијатива да се собере фонд од околку пет милиони евра, кој ќе биде распределен по тенисерите од понизок ранг.