• Горан Упале

Вториот рекет на светот, Рафаел Надал брзо го заборави болниот пораз од Александар Зверев на Мастерсот во Париз и им се врати на победи во АТП-турот, откако во вториот денешен дуел од завршниот Мастерс со сигурни 2-0 (6-3,6-4) славеше пад рускиот тенисер Андреј Рубљев.
Шпанскиот ветеран видно мотивиран го започна својот поход по нов трофеј оваа сезона. Уште од самиот старт го нападна помладиот ривал и во шестиот гем стигна до посакуваниот брејк, кој подоцна му обезбеди водство во сетови од 1-0 (6-3).
23-годишниот Русин наместо да притисне во вториот сет, тој потфрли уште во првиот гем и дозволи Надал да одземе негов сервис и да си го отвори патот до сигурна победа. 20-кратниот Грен слем освојувач искусно ја искористи пружената шанса и рутински го сведе дуелот до самиот крај и заслужено извојува победа од 2-0 во сетови.
На првиот денешен натпревар во „О2 Арена", Доминик Тием во три сета славеше над големиот ривал Стефанос Циципас од Грција.