Надал брутално искрен: Мечот против Фоњини е мојот најлош во последните 14 години на земја

Надал пораз Монте Карло

Шпанскиот тенисер и големиот фаворит за титулата во Монте Карло, Рафаел Надал, доживеа пораз во полуфиналето и не успеа да закаже финален меч за одбрана на трофејот од минатата сезона.

Подобар од него во два сета беше феноменалниот Фабио Фоњини, кој како никогаш досега го надигра „кралот на земја“. По мечот, Шпанецот искрено говореше за причините за овој неочекуван дебакл.

„Тоа беше еден од оние денови во кои ништо не ти оди од рака. Можеби ова беше мојот најлош меч на земја во последните 14 години.

Ако одиграш лошо против добар противник, резултатот секогаш ќе биде пораз. Токму тоа го направив јас во полуфиналето. Доаѓам од период полн со повреди, па психичкиот дел од овој меч беше претежок за преживување“, рече Надал.

Многумина прогнозираа дека Новак Ѓоковиќ и тенисерот од Мајорка ќе играат во големото финале, но за тоа да не биде така се погрижија Италијанецот и Данил Медведев, кој му пресуди на првиот светски рекет.