Надал: Би потпишал да бидам уморен и да се пласирам во финалето

Надал

Рафаел Надал го елиминира минатогодишниот победник на завршниот турнир во Лондон, Стефанос Циципас. Шпанскиот тенисер е третиот полуфиналист и за место во мечот за трофеј ќе се надигрува со Русинот Данил Медведев, кој игра во фантастична форма.

Сите очекуваат голем судир и маратонски меч меѓу Надал и Медведев. Шпанецот знае што го очекува, но вели дека би бил задоволен со остварено финале на било каков начин.

„Сè зависи. Ако се работи за многу долга битка, играчот што ќе победи очигледно ќе се чувствува уморен. Но, тоа е дека некој мора да игра во тоа време и нема причини за поплаки. Не знам дали ќе влијае на мојата игра, се чини дека тоа ќе биде случајот, но нема проблем. Би потпишал да бидам многу уморен и да играм финале“, вели вториот тенисер на светот.

Шампионот од Мајорка игра за својата прва титула на завршниот турнир. Тоа е една од ретките тиули кои му фалат во неговата богата колекција, па затоа секоја година е екстра мотивиран за овие натпревари.