Надал: Ако ме прашате денес, мислам дека сум меѓу двајцата најдобри во историјата

Надал великани

Рафаел Надал ја потврди доминацијата на Ролан Гарос и го „збриша“ Новак Ѓоковиќ во големото финале. Најавите беа поинакви и на Србинот му се даваа големи шанси за изненадување. Но, тоа не се случи, бидејќи шпанскиот тенисер покажа зошто е „крал на земја“ и победи со убедливи 3-0.

За него тоа беше 20-та Грен слем титула, со што се израмни на врвот на вечната листа со Роџер Федерер. Зборувајќи за својата кариера, Шпанецот изјави дека моментално е еден од двајцата најдобри тенисери на сите времиња.

„На спортско ниво, јасно е дека постигнав нешто важно - повторно освоив еден од најважните турнири во светот, 13-ти, и да се изедначам на 20 на вечната листа со Федерер. Долго се зборуваше за ова, особено вие новинарите. Успеав да изедначам рекорд што се чинеше невозможен. Бројките треба да бидат анализирани од луѓе кои се запознаени со историјата на тенисот. Мене искрено не ми е гајле. Среќен сум со мојата кариера. Јасно е дека моментално сум меѓу најдобрите двајца во историјата. Ќе видиме што ќе се случи во следните неколку години - што ќе направи Ѓоковиќ, што ќе направи Федерер кога ќе се врати и што сè уште ќе направам јас. Ако сè оди добро, ќе имаме време да ја анализираме оваа тема кога ќе завршат нашите кариери“ , порача Надал.

Наредната сезона на терените се очекува кам-бек на Федерер, кој заздравува од операција на коленото. Швајцарскиот ас ќе има можност одново да им се спротистави на своите ривали на големите турнири и да се обиде да дојде до нова Грен слем титула.