Надал: 1.000 победи значат дека сум стар, оваа бројка ме прави многу среќен

Надал

Рафаел Надал стана четвртиот тенисер во историјата кој стигнал до бројката од 1.000 победи. Тоа го направи на Мастерс турнирот во Париз, каде беше подобар од својот сонародник Фелисијано Лопез.

По мечот Шпанецот зборуваше што значи овој подвиг за него и им се заблагодари на сите кои му помогнаа да ја достигнее оваа бројка.

„Победа на 1.000 меча значи дека сум стар. Оваа бројка ме прави многу среќен и значи дека долго време играм добро, што дополнително ме радува. Едноставно можам само да им заблагодарам на сите кои ми помогнаа да бидам тоа што сум“, рече Надал.

Лидер на вечната листа е Џими Конорс со 1.274, а блиску до него е Роџер Федерер со 1.242. Пред шпанскиот шампион е уште и Иван Лендл со 1.068.