„На Ролан Гарос учествуваат 128 играчи, а 127 од нив се таму за да видат кој ќе загуби од Надал...“

Социјалните мрежи се преполни со реакции по победата на Рафаел Надал на Ролан Гарос. Тоа е очекувано и се случува по секој голем спортски настан, како што беше финалето во Париз.

Новак Ѓоковиќ немаше сили да го победи „кралот на земја“ и мораше да признае дека не беше на нивото на својот голем ривал. Шпанските фанови особено беа активни во часовите по финалната пресметка, провоцирајќи ја конкуренцијата на нивниот миленик во француската престолнина.

Еден од нив направи досетлива шега која гласеше: „Ролан Гарос е турнир кој се одржува во Париз. Секоја година учествуваат 128 играчи, од кои 127 се таму за да видат кој ќе загуби во финалето од Рафа“.

Навивачите на српскиот ас беа далеку потивки, признавајќи го поразот, со надеж дека во иднина Ѓоковиќ ќе им даде нова причина за славје.

Надал стигна до 20-та Грен слем титула и се израмни со Роџер Федерер на вечната листа.