„На Надал му посакувам сè најдобро, но неговото време помина“

Рик Мачи, поранешниот тренер на сестрите Вилијамс, смета дека времето на Рафаел Надал поминало. Американскиот стручњак е убеден дека шпанскиот тенисер нема да биде кандидат за Грен слем титулата следната година, ниту на неговиот омилен турнир Ролан Гарос.

Надал би требало да се врати на терен во јануари, во Австралија, по проблемот со повредата на колкот што го оддалечи од терените од минатата зима.

„Како што старееш ја губиш мобилноста и луѓето не се плашат повеќе, бидејќи знаат дека си ранлив. Нема толку голема разлика помеѓу момците на врвот и момците веднаш позади. Помладите сега имаат големи шанси против Надал дури и на земјена подлога“, смета Мачи.

Без разлика на се, поранешниот тренер на Енди Родик и Марија Шарапова вели дека Надал сепак е најдобар во историјата на земјена подлога. 

„Порано кога игравте со Рафа, тој имаше 112-3 на Ролан Гарос. Мечот беше завршен пред да започне. Знаевте дека не можете да го победите. Му посакувам сè најдобро на Рафа, но тој не е на истото ниво како и претходно, и затоа не верувам дека е кандидат за освојување на Грен слем“, заклучи Мачи.

Надал веќе извесно време тренира со топка, но сепак е далеку од посакуваната форма.