• Зоран Мишевски

Данил Медведев е првиот финалист на машкиот турнир во Мастерс серијата во Индијан Велс. Рускиот тенисер по 108 минути голема борба го победи Американецот Френсис Тиафо со 2-0 во сетови (7-5, 7-6/7). Во финалето ќе игра против подобриот од мечот Карлос Алкараз - Јаник Синер кој е следен на програмата во американската пустина.
Медведев го доби првиот сет со брејк во единаесеттиот гем, откако дотогаш серверите беа многу сигурни во воведните удари. Разликата во вториот сет беше што Русинот му го одзеде сервисот на својот ривал веќе во воведниот гем, а подоцна таа предност ја задржа со прилично сигурна игра. Кога Медведев сервираше за триумф и имаше 40-0 на свој сервис, пропушти дури седум меч топки и во тај-брејкот се влезе со голема ерупција на трибините.
Но, Тиафо не можеше повеќе од тоа. Медведев стигна до осмата меч топка и на крајот ја претвори во пласман во финалето.