„На Ѓоковиќ влијае популарноста на Федерер и Надал“

Џон Лојд, поранешен британски тенисер, ги коментираше последните изјави на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон. Откако стигна до четвртфиналето и го победи Холгер Руне, Ноле даде интервју на теренот во кое им одговори на оние кои го прозиваат од трибините.

Исто така,  Ѓоковиќ истата вечер го напушти интервјуто за „Би-Би-Си“ поради постојаните прашања поврзани со неговиот однос со публиката. Во изјава токму за „Би-Би-Си„ Лојд рече дека мисли дека има некои други причини за реакциите на српскиот ас.

„Мислам дека длабоко во себе тој е погоден поради некои ривали, особено Роџер Федерер и Рафаел Надал, бидејќи тие беа многу популарни на теренот. Новак понекогаш не е толку популарен како овие двајца.

Мислам дека тоа повремено го нервира“, рече Лојд.

Ѓоковиќ попладнево од 16:00 часот ќе се судри со Австралиецот Алекс де Минор, а влогот ќе биде влез во полуфинале.