„На Фејсбук преку порака ми нудеа пари да изгубам натпревар, но...!“

Францускиот тенисер Лукас Пуј беше едно од најпријатните изненадувања на Австралијан Опен оваа сезона. Тој дојде до полуфиналето, но доживеа елиминација, а во едно од своите интервјуа откри дека имал непристојна понуда, да намести натпревар.

„Пред неколку години на Фејсбук преку порака ми нудеа пари да изгубам натпревар, но никогаш не одговорив на неа. Сметам дека е безмислено да местиш натпревари и да губиш за пари. Треба да работите на себе, како сите останати играчи и константно да напредувате на АТП-листата“, изјави Пуј.

Лукас Пуј моментално се наоѓа на 17. позиција на АТП-листата, но од него се очекува во претстојниот дел од сезоната да дојде до најдобрите десет тенисери во светот.