На Федерер му здодеа голфот: Сакам да играм тенис два-три пати неделно!

Славниот Роџер Федерер замина во пензија пред четири години после скоро две децении доминација во светскиот тенис. 

Се чинеше дека Швајцарецот комплетно задоволен се збогуваше од спортот, но сега најавува дека повторно би можел да заигра на егзибициски турнири оваа или следната сезона. 

„Искрено, би сакал повторно да играм тенис на повисоко ниво. Голфот го оставам на страна, малку ми здодеа. Сакам да играм два до три пати неделно и се надевам дека ќе се вратам на терените.

Ако се договориме со моите колеги, мислам дека лесно ќе наполниме неколку стадиони ширум светот“, рече Федерер во разговор со американскиот „ТНТ Спортс“. 

Федерер во својата кариера освои 20 Грен-Слем титули и важи за еден од најдобрите тенисер на сите времиња.