• Саше Љолес
Шпанецот Карлос Алкараз е првиот финалист на овогодинешното издание на Ролан Гарос. Полуфиналниот меч со Лоренцо Мусети не се доигра, затоа што Италијанецот го предаде мечот во четвртиот сет, при резултат 0-2 во гемови.
Мусети одлично го отвори дуелот и го доби првиот сет со 6-4, а потоа Алкараз започна да влегува во ритам и се чинеше дека беше несопирлив на патот кон триумфот. Вториот сет му припадна на Шпанецот (7-6/3), а во третиот ривалот не освои ниту еден гем (6-0).
Стартот на четвртиот сет го примора Мусети да го предаде мечот поради повреда, со што му овозможи на Алкараз малку да ги сочува силите за финалето, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.
ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter/X