• Горан Упале
Американскиот тенисер Тејлор Фриц го забележа својот прв триумф на Завршниот Мастерс во Торино. Шестиот тенисер на АТП листата го победи Лоренцо Мусети без загубен сет, со 6-3, 6-4 во гемови, по еден час и 43 минути игра.
Италијанецот во Торино настапува како замена за Новак Ѓоковиќ, кој се повлече откако ја освои својата 101. титула во кариерата во Атина, но не го оправда своето место меѓу најдобрите.
Мусети прв се закани и имаше четири брејк-топки во ист гем на почетокот од натпреварот, но откако не ги искористи, сè одеше во прилог на неговиот противник, кој забележа лесен триумф.
Претходно во групата А, Карлос Алкараз го победи Алекс де Минор. Австралијанецот ќе се соочи со Фриц во следната рунда, а Шпанецот за противник го има Мусети. Вечерва (20:30 часот), Јаник Синер и Феликс Оже-Алијасиме ќе ја затворат програмата од вториот дел во Торино.

