Мусети без сили за нова сензација, Алкараз е прв финалист во Рим

Карлос Алкараз немаше многу потешкотии и се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Рим, откако го совлада домашниот тенисер Лоренцо Мусети со 2-0 по нешто повеќе од двочасовна борба. 

Шпанскиот фаворит ја оправда својата улога, па иако ривалот парираше на моменти и се обидуваше да биде рамноправен, немаше сили за такво нешто. Веднаш Алкараз влезе во мечот со брејк, кој потоа го удвои во петтиот гем (4-1). Следуваше мала надеж за Мусети кој се врати до 4-3, а потоа со уште еден одземен противнички сервис Шпанецот од третата сет-топка дојде до 6-3 и предност. 

Вториот сет тргна лошо за фаворитот, бидејќи Мусети направи два брејка, наспроти неговиот еден (1-2). Потоа се играше израмнето, а Алкараз стигна до егал при 4-4. До крајот на сетот тенисерите беа сигурни, Алкараз не искористи една меч-топка и се влезе во тај-брејк. Во него вториот третиот светски рекет со 7-4 стигна до победата. 

Во второто полуфинале ќе се судрат Јаник Синер и Томи Пол.

ФОТО/PHOTO: Internazionali BNL d'Italia