Му забранија влез и го исвикруваа, а сега ќе добие статуа на „Мелбурн Парк“

Славниот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе добие статуа во Мелбурн и неговиот лик ќе го краси паркот каде што се одигруваат натпреварите од Австралија Опен. 

Србинот е рекордер и десеткратен освојувач на турнирот, а информацијата ја потврди и директорот Крег Тејли. 

„Ѓоковиќ испиша славна историја во нашето натпреварување и тој потполно ја заслужува оваа чест“, кратко изјави Тејли. 

Ѓоковиќ годинава го предаде полуфиналниот натпревар против Александар Зверев поради повреда, а во четвртфиналето убедливо го надигра Карлос Алкараз. Во моментов српскиот ас е шестопласиран на АТП листата.